АЕК Ларнака – Макаби Тел Авив 1:1 е епилогот од првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. А можеше да биде поинаку ако нашиот интернационалец во дресот на кипарскиот тим, во 86.минута при резултат 1:1 успеаше да реализира пенал за победа. Но сепак тој не успеа во тоа и затоа сега АЕК Ларнака на реваншот во Израел ќе патува без предност.
Коен во 64.минута му донесе водство на гостинскиот тим, додека Фараж во 80.минута израмни на 1:1.
ФОТО: Kerkida.net