ПСЖ со “шут-карта“ и за Нејмар, Верати, Санчез…

420

И денеска е супер интересно, барем за медиумите, во таборот на ПСЖ, на веројатно најбогатит фудбалски клуб во светот. Лео Меси си замина одамна, се виде дека направи вистински потег кога се пресели на Флорида. Пред заминување е и Килијан Мбапе, а од денеска уште пет ѕвезди можат слободно да си побараат нова средина.

Тоа се Нејмар, Верати, Ренато Санчез, Екитике и Бернат. Сите овие петтмина играчи не му се вклопувале во системот на Луис Енрике и затоа ќе мора да си одат, односно да си побараат нова средина.

А, како ли само изгледаше ПСЖ пред неколку месеци или година – две, кога го нарекуваа тимот кој што без конкуренција ќе владее со фудбалска Европа.

Меси, Мбапе, Нејмар, Ди Марија, Икарди, Верати…сега сите овие во следната сезона ќе ги нема на “Паркот на Принцовите“.

ПретходноДимитар Караџовски новитет во Кожув
СледноВечерва во Атина се спрема нов хаос: Излезете сите, ќе ги бараме гадовите! (ФОТО)