Судиската комисија ја продолжува праксата од минатата сезона,кога по секое коло јавно се произнесува за судњето.Така и и по ова 1.коло во новата сезона.
Инаку како што и се очекуваше, според судиската анализа немало пенал за Работнички на дербито со Шкупи. Судијата Александар Ставрев погрешно ја проценил ситуацијата.
Исто така имало грешка и на средбата Тиквеш – Македониј ЃП, каде не бил досуден пенал за домашните.
Во продолжение можете да го видите целиот извештај на Судиската комисија.
Судиската комисија на ФФМ ги анализираше и разгледа спорните моменти од 1. коло на Првата МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Брегалница- ФК Силекс одигран на 06.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 69 минута.
Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Климент Ристоски.
69 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на терен, играч од екипата на домаќините го влечеше за дрес играчот на гостите,главниот судија ја прекина играта поради слободен удар (влечење) и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин (со лакт) го удри противничкиот играч во пределот на главата (лицето).
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос, т.е удирање противнички играч со лакт во пределот на главата (лицето), меѓутоа погрешено беше продолжението на играта, требаше да биде доделен слободен удар за екипата на гостите бидејки играчот на домаќините прв направи прекршок (влечење за дрес) и судијата ја прекина играта поради влечењето.
На натпреварот ФК Воска- ФК Шкендија одигран на 06.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 62 и 75 минута.
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.
62 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на терен блиску до аут линијата, играч од екипата на домаќините го повлече играчот на гостите правејки прекршок, двајцата играчи паднаа на земја и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин со двете нозе го удри потивничкиот играч во пределот на телото (градите).
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос (удар на противнички играч со нозе во пределот на градите) и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт (влечење противнички играч).
75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на 30 метри од голот на домаќините, играч од екипата на домаќините направи недозволен старт спречувајки ветувачка акција.
Добра одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините поради недозволен старт и спречување ветувачка акција, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Македонија Ѓ.П одигран на 06.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 4 и 62 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Роберт Црвенов.
4 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден пенал)
Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на гостите странично од голот, во моментот кога ја додаде топката кон свој соиграч, играч од екипата на гостите направи движење со телото (го наведна) во правец на топката и со рака ( неприродна положба и широко одвоена од тело) ја удри топката спречувајки ја да дојде до соиграчот.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за екипата на домаќините, поради игра со рака од играч на гостите, направи движење со телото во правец на топката и раката му беше во неприродна положба и широко одвоена од телото.
62 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите ја имаше топката во свој посед на средина на теренот, играч од екипата на домаќините го повлече за дрес правејки прекршок, главниот судија досуди слободен удар за екипата на гостите и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин со глава го удри противничкиот играч во глава (лице).
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос, т.е удирање со глава на противнички играч во пределот на главата (лицето).
На натпреварот ФК Работнички – ФК Шкупи одигран на 07.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 80 минута.
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Слаѓан Марковски.
80 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Погрешно досуден пенал)
Екипата на домаќините беше во напад, играч од екипата на домаќините додаде топка во шеснаесетникот на екипата на гостите, на неа тргнаа два противнички играчи, играчот на гостите прв стигна до топката, коректно ја изби и потоа дојде до контакт помеѓу играчите.
Погрешна одлука на главниот судија, досуден е пенал за екипата на домаќините, но во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи бидејки играчот на гостите прв дојде до топката и ја изби коректно без да направи прекршок.
На останатите натпревари од Прва МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.