Тодор Тодороски се сели во Динамо Тирана

447

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски ќе ја продолжи кариерата во албанскиот шампионат во редовите на Динамо Тирана. Некогашниот играч на Вардар во изминатите години играше во странство, а продолжува надвор од границите на нашата држава и прв пат ќе се игра во албанското првенство.
Во 2019 година Тодороски направи трансфер од Вардар во Осијек, од таму во Шибеник, па играше за Раднички Ниш, па за словачки Серед, па во Сумгајт од Азербејџан, сега доаѓа во Албанија.
Тодороски кој игра како десен бек (централен бек) има шест настапи за македонската репрезентација.

ПретходноРаниери: Каљари ќе ми биде последен клуб во кариерата
СледноНе му дале виза поради руското државјанство – Сервет без главен играч против Ренџерс