Хрватски специјалци ќе ги чуваат Ристовски и останатите играчи на Динамо на реваншот во Атина!

737

Иако имаше најави, сега засега нема никакви информации околу тоа дека УЕФА ќе го исфрли Динамо Загреб од европските натпреварувања по сиот оној хаос кој го направија БББ пред два дена, кога имаше и починати.

Познато е само дека официјално тој меч беше одложен, а дека на 15 август првиот меч меѓу Динамо и АЕК ќе се игра во Загреб, а реваншот во Атина е закажан за 18 август.

На тој реванш во Атина, барем според информациите од Загреб, експедицијата на Динамо Загреб ќе биде максимално скратена. Во неа ќе бидат само играчите и стручниот штаб, и само неколку лица од раководството.

Исто така се очекува играчите, значи Стефан Ристовски и останатите во текот на патувањето од Загреб до Атина, потоа за време престојот во хотелот, а и после натпреварот, да бидат чувани од хрватски специјалци.

Навистина крајно непријатна ситуација.

ПретходноПријателска во Битола: Е. Пелистер го совлада Охрид! (ФОТО)
СледноШкупи го претстави Нилтињо, а го потврди и Абази! (ФОТО)