Македонските младински репрезентации добиваат засилување во играчот на српски Вождовац, 18. годишниот Андрија Димески. Робусниот стопер, кој може да одговори и на десната бековска позиција е член на нашата репрезентација до 18. години и досега има одиграно само неофицијални, пријателски мечеви.
Спортмедиа дознава дека ФФМ и Димески во моментов се во фаза на вадење на македонска патна испрва и тој од септември веќе ќе има право на настап за нашата У19 репрезентација и на официјални, квалификациски мечеви.
Се работи за момче кое почетокот на неговата кариера ја има минато во Црвена Звезда, пред да се пресели во Вождовац.
Инаку има потекло од Прилеп.