Не се смируваат страстите во Атина по убиството на фанот на АЕК, напротив. Инаку познато е дека сеуште не е пронајден ножот со кој е убиен младиот грчки фан на АЕК. Се подготвува обвинение за припадниците на БББ, а вечерва во Атина играат Панатинаикос и Марсеј.
И ете, нов проблем.
Имено во тепачката против фановите на АЕК учествувале и припадниците на навивачката група на Панатинаикос кои се во “војна“ со тие на АЕК, па затоа и соопштението на фановите на АЕК преку социјалните мрежи кои се споделува.
Во него се повикуваат сите фанови на АЕК во 19.30 часот да излезат на улица:
“Бараме од сите фанови на АЕК од северното предградие на Атина да во групи излезат на улици и да ги бараат гадовите кои ќе одат на натпреварот. Нема да ги напаѓаме семејните луѓе и малите деца“.
На ова недостига уште да излезат фановите на Олимпијакос и да настане вистинска војна на улиците на милионската Атина.