Промаши пенал: Тричко не успеа да му донесе победа на АЕК Ларнака!

228

АЕК Ларнака – Макаби Тел Авив 1:1 е епилогот од првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. А можеше да биде поинаку ако нашиот интернационалец во дресот на кипарскиот тим, во 86.минута при резултат 1:1 успеаше да реализира пенал за победа. Но сепак тој не успеа во тоа и затоа сега АЕК Ларнака на реваншот во Израел ќе патува без предност.

Коен во 64.минута му донесе водство на гостинскиот тим, додека Фараж во 80.минута израмни на 1:1.

ФОТО: Kerkida.net

ПретходноЕкс членот на Ливерпул и Динамо Загреб долета на Чаир: Армин Хоџиќ во дресот на Шкупи! (ФОТО)
СледноЕП У-16: Македонија декласирана од Словенија!