Раниери: Каљари ќе ми биде последен клуб во кариерата

129

Легендарниот италијански тренер Клаудио Раниери призна дека Каљари ќе му биде последниот клуб во тренерската кариера.
Каљари е вистинското место каде ќе се пензионирам. Мојата кариера започна таму пред 35 години. Каљари ми е во срцето. Веќе одлучив дека Каљари ќе ми биде последниот клуб кој ќе го тренирам. Би направил исклучок за некој национален тим, но сакам да потенцирам дека нема да се борам за селекторското место на италијанскиот национален тим. Ќе завршам со Каљари, само не знам кога“, изјави Раниери кој во 2016 година како тренер на Лестер сензационално ја освои титулата во Англија.
Раниери работеше во бројни клубови во кариерата, Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, Нант, Фулам, Сампдорија, Ватфорд… беше и селектор на Грција.

ПретходноБарса за 2,5 милиони евра купи германски талент
СледноТодор Тодороски се сели во Динамо Тирана