Рос Баркли се врати во Премиер лигата

346

Поранешниот играч од средниот ред на тимот на Челзи и репрезентативец на Англија, Рос Баркли е нов член на Лутон Таун.

Баркли имаше авантура во шампионатот на Франција, каде што настапуваше за Ница, но сега се враќа дома што се вели.

Лутон го ангажираше Баркли како слободен играч откако договорот на играчот од средниот ред со Ница истече летово. Англичанецот минатата сезона забележа 28 настапи за францускиот тим, постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции. Тој претходно играше за Челзи, Астон Вила , Евертон , Лидс и Шефилд.

ПретходноСелекторот Јончевски ги одреди патниците за Талин: Наместо повредениот Димитријевиќ на списокот е Шошкиќ!
СледноГронинген го “скенира“ Елмас од Работнички!