Ете, вака се игра во Европа. Иако сеуште не е се решено, иако сеуште треба да се одиграат и вторите 90 минути и тоа во Луксембург, сепак нашиот шампион е на чекор до плеј – офот во Лигата на Конференции.
Попладнево на ФФМ , стружани со 3:1 славеа над силниот состав на Есперанж од Луксембург.
И тоа со хет – трикот на Бесарт Ибраими.
Нема што – Бесарт е фудбалски мајстор, “машина“ за голови, “БОМБАРДЕР“.
И така Струга ТЛ на сите оние екипи, кои се посрамотија ова лето, им покажа како се игра во Европа.
Да, како Струга нема друга…
А Ибраими?
Едноставно – БЕСАРТ ФАНТАСТИКО!