Филип Маџунков потпиша за белгиски Лувен

380

Репрезентативниот блокер Филип Маџунков во новата сезона ќе игра во Белгија. Нашиот репрезентативец денеска се договори со белгискиот прволигаш Лувен во чии редови ќе настапува во новата натпреварувачка сезона.

Маџунков е дел од нашата сениорска селекција која се подготвува за престојното Европско првенство во Скопје, па по неколкунеделните преговори, успеа да се договори со белгискиот тим, кој со доаѓањето на нашиот среден блокер го заокружи ростерот за новата сезона.

Лувен е еден од трите најдобри клубови во белгиската одбојкарска елита. Минатата сезона новиот тим на Маџунков заврши на третото место веднаш зад гигантите Розелар и Нолико Мазеик. Нашиот одбојкар минатата сезона ја заврши како член на австриски Доб, па сега го очекува нова етапа во интернационалната кариера, откако веќе играше и во Црна Гора, Франција, Германија и Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volley Haasrode Leuven (@vhleuven)

ПретходноСтартни состави: Струга ТЛ со Радески, Ибраими, Шабани, Мазрекај… ќе го напаѓа Есперанж!
СледноМлади ракометари од Бурунди дошле во Хрватска на СП, па исчезнале…