Бесмир Бојку: Се надевам и посакувам Струга ТЛ да биде таа која ќе се пласира во плеј-офот!

157

Попладнево на стадионот на ФФМ во Скопје од 17 часот, тимот на Струга ТЛ го има првиот дуел од двомечот со Есперанж, во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Познато е и тоа кој ќе биде следниот противник за стружани во плеј – офот, Зрински или Бреидаблил, се разбира ако се мине тимот од Луксембург.

Сепак за тоа потоа, прво треба да се мине пречката која се вика Есперанж, шампионот на Луксембург.

Не е тајна дека нашиот тим е добро подготвен, дека игра добро, има три победи во серија, две со Будуќност и една со Гостивар на стартот од ПМФЛ.

Токму затоа владее оптимизам во таборот на Струга ТЛ дека може да се мине и Есперанж и да се дојде до уште еден историски успех.

За “Спортспорт“ свој коментар дава Бесмир Бојку, еден од клучните играчи на нашиот шампион.

Сигурно е дека ќе биде тежок натпревар. Имавме можност во изминатите денови да го анализираме тимот на Есперанж и заклучокот е дека станува збор за исклучително квалитетен тим. Од друга страна сите ние во тимот имаме верба во себе, знаеме дека имаме свои шанси. Без разлика на резултатот од денешниот прв меч во Скопје, реално е да се очекува ревенашот во Луксембург да го даде патникот за следната рунда. Се надевам и посакувам тоа да биде Струга ТЛ, ние да бидеме тие кои ќе играат во плеј – офот во Лигата на Конференции“ истакна играчот за врска на нашиот шампион.

ПретходноМилевски пред разрешување: Миодраг “Гроф“ Божовиќ ќе биде селектор на Македонија!
СледноФан на Интер Мајами побара бакнеж од Меси…одговорот ќе ве шокира! (ВИДЕО)