Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа, а овојпат загуби од Летонија со 46-57. Овој резултат значи дека македонскиот национален тим има само минимални шанси за опстанок во А дивизијата.
Македонија сега ја очекува разигрување за пласман од 13. до 16. место, а мора да слави на двата преостанати меча ако сака да обезбеди опстанок. Првиот дуел ќе биде против поразениот од мечот меѓу Турција и Израел. Ако нашите надежи загубат и на овој дуел тогаш испаѓаат, а доколку победат тогаш ќе играат со победникот од мечот Белгија-Црна Гора и таму мора да триумфираат.