Кадетите ја победија Унгарија и ќе играат за 9 место на СП

229

Македонската кадетска репрезентација ја совлада Унгарија со 22:20 и ќе игра за деветтото место на СП кадетско првенство кое се одржува во Хрватска. На полувреме беше 12:12, во вториот дел нашите ракометари запнаа во финишот и ја совладаа силната унгарска репрезентација.
Голманот Иван Галевски со 11 одбрани и 37% на успешност беше прогласен за МВП на мечот.
Најефикасни во македонскиот тим беа Мирче Калајциески и Александар Петковски со по пет голови. Македонија за 9. место на СП ќе игра против Чешка.

ПретходноФред заминува од Манчестер и оди во Фенербахче
СледноОдбојкарите победија на првата контрола против Израел во Кавадарци