ЛК: Струга ТЛ сака и може да го продолжи европското лето, Есперанж е на ред!

96

Шампионот остана единствен од нашите екипи во Европа да го поправа рејтингот на Македонија, да се бори да дојде до остварување на сонот и секако да го продолжи европското лето.

Струга ТЛ попладнево од 17 часот на стадионот на ФФМ во Скопје во првиот дуел од двомечот во 3.квалификациско коло го дочекува шампионот на Луксембург, тимот на Есперанж. Силен, квалитетен состав, па и првак на таа земја, но сепак тим кој не е непобедлив. Нема премногу големо искуство со играњето во Европа. Ова лето за првпат мина една пречка и тоа во 2.квалификациско коло во ЛК против ТНС.

Историски ништо посебно, но сепак, Есперанж не е наивен тим, тоа го кажаа вчера и тренерот на нашиот тим Шпетим Дуро и голгетерот Марјан Радески.

Струга ТЛ ги живее најубавите денови од своите постоење. За само неполни три месеци ја освои титулата, играше во финалето на Купот и еве стигна на чекор до плеј – офот. Нешто што се граничи со фантазија за еден така млад клуб кој опстојувама само 8 години.May be an image of text that says 'UEFA EUROPA CONFERENCE FERENCE LEAGUE" 20 STRUGA SWIFT ESPER TRIM & LUM FFM STADIUM SKOPJE 17:00 #FORCASTRUGA #WEARESTRUGA'

Во Струга ТЛ сите се свесни дека оваа шанса мора, мора по секоја цена да се зграпчи. Посебно кога се знае дека во плеј – офот, ако се мине Есперанж доаѓа на мегдан поразениот од двомечот во ЛЕ меѓу Зрински и Бреидаблик.

Значи Струга ТЛ има отворен пат до групна фаза во Лигата на Конференции, ете тоа е сонот на сите во Струга ТЛ, на играчите, стручниот штаб, раководството и секако спонзорот.

Стружани се во налет, играат во одлична форма, во победничка серија се и се очекува попладне уште една добра партија и победа, било каква.

Да, Есперанж е силен тим, противник кој треба да се респектира, но и Струга ТЛ е тим кој може оваа пречка да ја помине.

Веруваме дека Ќосевски, Незири, Бојку, Шабани, Ибраими, Радески и сите останати кои денеска ќе истрчаат на теренот на ФФМ во Скопје ќе знаат како уште еднаш да ја израдуваат фудбалската јавност во земјата со уште еден успех.

ПретходноКонечно: Хари Кејн е “баварец“ и тоа за повеќе од 100 милиони евра!
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе им суди на Вардар и Шкупи!