Неколку македонски фудбалери вечерва беа дел од своите тимови кои настапија во Лигата на конференциите. Јован Манев беше во првиот тим во победата на Адана Демирспор со 5:1 над Осијек. Нашиот репрезентативец одигра цел меч, а Демирспор е блиску до пласман во плеј-офот.
Филип Трпчевски и Хакен триумфално минаа на гостувањето кај Жалгирис. Нашиот интернационалец влезе во игра во 77 минута.
И Давид Атанасковски одигра цел меч за Партизани во победата на гостувањето кај Валмиера со 2:1. Македонскиот бек го одигра целиот меч и доби жолт картон.
А офанзивецот Доријан Бабунски играше до 70. минута за Дебрецин на гостувањето кај Рапид Виена. Мечот заврши без голови.