Се чини дека ова лето Реал Мадрид нема да го добие Килијан Мбапе. Како што денеска известуваат медиумите во Шпанија и Франција, тој донел конечна одлука, а таа е дека останува по секоја цена во ПСЖ до јуни 2024 година, без разлика дали ќе биде во составот или ќе биде надвор од тимот.
Едноставно нема намера ова лето да прави трансвер во Реал Мадрид.
За ова ги информирал во ПСЖ, што секако дека е голем удар за “светците“. Кои мора до платат 220 милиони евра само за една сезона а нема да игра.
Ова е удар и за Реал Мадрид кој на овој 10 август доби две лоши вести. Прво дека Мбапе не доаѓа во Мадрид, а второ дека поради повреда не може да смета цела сезона на голманот Тибо Куртоа.