Сејдо Дураков од Баерн Минхен е новиот наш бисер од дијаспората

3985

Огнен Чак Дојчиновски

Македонија има широка дијаспора, а за среќа или за несреќа истата годиниве поради масовното иселување од нашата земја, се проширува во се поголем број. Дали е тоа во Европа или пак во прекуокенаските земји, се повеќе се среќааваат нашинци, прва, втора или трета генерација.

Од фудбалски аспект секогаш сме „гладни“ за засилувања од таму, а изборот е се поголем. Дел тие играчи биле навистина засилувања за нашите младински, но и А национални состави, а дел се загубиле со текот на времето.

Еден таков штотуку фудбалски се раѓа и тоа на место кое секој млад фудбалер би дакал да биде. Во големиот Баерн Минхен.

Македонија за прв пат го запознава Сејдо Дураков, во моментов членот на У17 екипа на „Баварците“. Момче родено 2007 година кој што игра на позицијата офанзивен играч за врска или популарно наречената „десетка“.

ХЕТ ТРИК НА САМИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТА

Само како појаснување за каков играч се работи, во првото коло од младинската Бундес лига, за својот Баерн Минхен, Дураков на дуелот против Јан Регензбург во победата од 5:0 постигна хет трик, и асистираше за еден погодок.

КАПИТЕН НА МАЛИТЕ „ПАНЦИРИ“

Дураков веќе има настапи за репрезентацијата на Германија, за која при истите ја има носено и капитенската лента. Навистина голема привилегија, но и одговорност во исто време.
Истата секако дека дава потврда за она што се вели сериозен квалитет и потенцијал кој што несомнено Дураков го поседува, а Македонија што попрво да се сети на него, да го исконтактира и да го доведе во дресот со нашите национални бои.

 

 

ПретходноПо повредата на Куртоа: Дали сега Реал Мадрид ќе тргне по Столе Димитриевски!?
СледноОстанува во ПСЖ: Мбапе донел конечна одлука, ќе си “лапне“ 220 милиони евра за една година без да игра!