Ова со понудите од С. Арабија навистина станува по малку и патетично. Ете некој имал сила да ги одбие силните арапски милиони, како во случајот на Диего Симеоне.
“Ни во еден момент не се двоумев да ја одбијам таа понуда, понуда која ништо не ми значеше. Јас сум среќен каде што сум и затоа останувам“ изјави Аргентинецот откако ја одби понудата вредна 40 милиони евра по сезона од клуб од С. Арабија.
И тоа е во ред, но треба да се знае дека тој во Атлетико Мадрид заработува најмалку 35 милиони евра по сезона, зошто ли само му ги даваат, и затоа не сака да оди.
Нека му понудат на пример двојно повеќе од тоа што го зема во Мадрид бидете уверени дека со првиот авион ќе летне за Ријад.
Доста со патетика…ги одбил демек.
Инаку сиот фудбалски свет се чуди како Диего Симеоне е најплатениот тренер во светот, ако не се смета С. Арабија. Зема двојно повеќе од Клоп, тројно повеќе од Анчелоти во Реал Мадрид, 6-7 пати повеќе од Чави во Барса, и 10 милиони евра повеќе од Гвардиола во Сити.
Само да се знае…