СП У-19: Македонија сака победа против Унгарија!

248

Нашата машка кадетска селекција до 19.години, вечерва од 20 часот во салата во Копривница за ривал ја има силната репрезентација на Унгарија во меч од СП во Хрватска. Со овој меч стартува разигрувањето и битката за пласман од 9. до 12. место на Мундијалот.

Математиката е јасна. Во случај на триумф, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ во битката за 9. место ќе ги одмерат силите против подобриот од дуелот меѓу Чешка и С. Арабија. Во случај на пораз тогаш ќе играме за 11. место со поразениот од тој меч.

Да кажеме дека Унгарците го освоија третото место во главната рунда во групата -1, каде што беа и селекциите на Хрватска, Португалија и Словенија.

Судии на вечерашниот меч во Копривница ќе бидат од Узбекистан.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе им суди на Вардар и Шкупи!
СледноШок за Реал Мадрид: Тибо Куртоа ги скина лигаментите, го очекува пауза од 7-8 месеци!