Супер куп хаосот во Португалија за Бенфика (ВИДЕО)

393

Одлична супер куп најава на шампионатот во Португалија се случи синоќа во Лисабон. Екипите на Бенфика и Порто одиграа екстра меч кој Бенфика го доби со 2:0, а стрелци беа Ди Мариа кој летово се врати во клубот, како и Муса на дваесетина минути до крајот на мечот.

Неговиот погодок значеше и крај на надежите дека Порто може до тројефот, па автоматски почна и хаосот на мечот. Претставниците на Порто правеа хаос на аут линијата, ветеранот Пепе направи ужасен страрт од позади доби исклучување, а при излезот од терен провоцираше со дресот. Главниот судија Годино покажа вкупно дванаесет жолти картони и две исклучувања, факт што самиот говори за каков меч се работи.

„Шлаг на тортата“ стави тренерот на Порто, Консеисао кој по добиениот црвен картон не сакаше да го напушти теренот повеќе од пет минути па мораше да биде изнесен со полиција.

ПретходноФан на Интер Мајами побара бакнеж од Меси…одговорот ќе ве шокира! (ВИДЕО)
СледноОфицијално е: Кеси ја започна својата арапска авантура (ВИДЕО)