Бразилскиот играч за врска Фред ќе биде нов играч на Фенербахче. Турскиот фудбалски гигант предложил 15 милиони евра кои Манчестер Јунајтед ги прифатил, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Искусниот Фред одигра 35 меча за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата минатата сезона, а на „Олд Трафорд“ дојде од Шахтјор во 2018 година.