Шведски репрезентативец му стана соиграч на Елмас во Наполи

108

Наполи има нов фудбалер. Италијанскиот првак се засили со шведскиот репрезентативец Јенс Кајуст кој доаѓа од француски Ремс за 12 милиони евра. Договорот на дефанзивниот играч за врска е долгорочен, соопштија од клубот од Неапол.
Кајуст играше година и половина во францускиот клуб, а претходно играше за Ергрит и Митјиланд.

ПретходноДуро: Заслужена победа, одигравме добро но работата не е завршена
СледноКадетите поразени од Летонија и се пред испаѓање во Б-дивизијата