Шок за Реал Мадрид: Тибо Куртоа ги скина лигаментите, го очекува пауза од 7-8 месеци!

223

Каков шок за Реал Мадрид. Како што известува “Марка“, на утринскиот тренинг Тибо Куртоа ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено. Сцената била крајно вознемирувачка, голманот на “кралевите“ почнал и да плаче.

Ова се првите лекарски извештаи. Се разбира дека се очекуваат деталните прегледи, a е огласи и Реал Мадрид кој потврди дека станува збор за најтешката повреда кај еден фудбалер. Во текот на наредните денови голманот ќе биде опериран.

Па така ова значи дека сезоната 2023/24 за Тибо Куртоа е завршена уште пред да почне.

Исто така тоа значи дека Реал Мадрид ќе мора да побара нов голман.

ПретходноСП У-19: Македонија сака победа против Унгарија!
СледноПо повредата на Куртоа: Дали сега Реал Мадрид ќе тргне по Столе Димитриевски!?