Пи – Џеј Дозиер е новото име во КК Партизан, во шампионот на АБА лигата и тимот кој има големи амбиции следната сезона во Евролигата.
Американецот најдобро се снаоѓа на плејмејкерската позција, а е некогашен кошаркар на Оклахома, Сакраменто и Денвер во НБА кариерата.
Дозиер треба да биде адекватна замена за Данте Ексум кој го напушти Белград и се пресели во НБА, во Далас.