Еден Азар оди во пензија!?

259

Некогаш еден од најдобрите фудбалери на планетава, Еден Азар на само 32. години планира да оди во пензија. Причината за тоа е што едноставно Азар речиси и да нема опција каде да ја продолжи својата кариера, откако конечно по години минати во Реал си замина од Мадрид.

Шпанските и Белгиските медиуми пренесуваат дека Азар сериозни размислува да не игра повеќе фудбал поради фактот што во моментов ниту клубовите од САД се заинтересирани за него, ниту па оние од Блискиот Исток го имаат во своите планови.

Единствена понуда која што пристигнала летово на адреса на Азар е онаа од Белгискиот лигаш, Вастерло што е разочарувачки за некогаш еден од ТОП пет напаѓачите во светот.
Азар ја уништи својата кариера која требаше да биде преполна со индивидуални трофеји според неговиот огромен потенцијал и квалитет, но работните навики, и повредите кои се појавуваа поради лошиот начин на тренинг и волјата за да се врати на терен си го направија своето.

 

ПретходноДембеле денеска е на медицински прегледи во Париз
СледноКвалификации за Конференциска Лига: Бабунски, Манев, Ристовски, Атанасковски одат по групна фаза