Денеска на програмата е новото коло од квалификациите за Лигата на Европа, односно Конференциската лига каде што имаме доста претставници кои со своите екипи ќе се обидат да обезбедат поволен резултат, и преку него да стигнат до конечната цел, групна фаза од него Европско натпреварување сезонава.
Во прв ред тоа е Доријан Бабунски, кој со својот Дебрецен од 21:00 часот во Виена против Рапид ќе се обиде да стигне до позитива на многу тежок терен.
Јован Манев пак од 20:00 часот на домашен терен ќе го пречека Хрватскиот тим Осијек, и реално е голем фаворит.
Уште еден наш репрезентативец, Милан Ристовски со својот тим Спартак Трнава на гости кај Полски Лех оди да не загуби, па дома да обезбедува пласман понатаму, како и Албанскиот претставник Партизани кој што оди кај Летонска, Валмеира. Таму ги имаме Давид Атанасковски, Беким Реџепи и Сабит Биљали.
Конечно, во квалификациите за Лигата на Европа со својот Хакен, У21 репрезентативецот на Македонија, Филип Трпчевски ќе гостува на Жалгирис во Литванија од 18:00 часот.