Веројатноста Хари Кејн да остане во Тотенхем е поголема, отколку англискиот напаѓач да се пресели во Баерн Минхен, информира „Скај спортс“ повикувајќи се на свои извори. Во текот на денешниот ден двата клуба се договориле за трансферната сума во висина од 100 милиони фунти, меѓутоа Хари Кејн не сака да го напушти Тотенхем.
Речиси цело лето се зборуваше дека Кејн не сака да потпише нов договор и има желба да прејде на „Алијанц арена“ но сега изгледа капитенот на Англија има друг план.
Што е причината може само да се нагаѓа. Новинарот Кристијан Фалк од „Билд“ вели дека имал информација дека трет клуб кој се вклучил во трката и кој му понудил фантастични услови на Кејн за слободен трансфер идната година.
Ако ова е точно, тогаш за Тотенхем ова е лоша варијанта во смисол дека нема да заработи ништо од својот најдобар фудбалер кој на крајот на оваа сезона ќе биде слобоен играч. Ќе видиме што ќе се случи, Тотенхем сака разврска на ситуцијата пред првиот меч од новата сезона која почнува овој викенд.