Конечно: Хари Кејн е “баварец“ и тоа за повеќе од 100 милиони евра!

397

Конечно. Тотенхем ја прифати четвртата понуда на Баерн Минхен копја “тежи“ нешто повеќе од 100 милиони евра и со тоа сега Хари Кејн, еден од најдобрите напаѓачи во светот, може да биде промовиран во дресот на гигантот од Минхен.

Оваа отштета или овој трансфер е рекорден во Бундеслигата.

Конечнон оваа летна сага заврши. Тотенхем го доби тоа што го сакаше – што повеќе пари, а и Баерн го доби тоа што го сакаше – екстра напаѓач кој ќе дава по најмалку 20 голови во сезона.

И секако Кејн го доби тоа што го сакаше – конечно со својот нов тим ќе дојде до трофеј. Јасно е дека Баерн Минхен и во новата сезона би требало да биде шампион на Германија, а со Кејн во нападот ни “ушлето“ од ЛШ не е недостижно.

ПретходноЛука Костиќ е ново засилување за Рибница Краљево
СледноЛК: Струга ТЛ сака и може да го продолжи европското лето, Есперанж е на ред!