Репрезентацијата на Македонија до 15 години која што е составена од фудбалерите кои се дел од УЕФА Академијата при ФФМ во моментов е на базични подготовки во Дојран, а во рамките на истите вчера е одигран и пријателски меч против А женската репрезетација на Македонија.
Избраниците на селекторот Драган Начевски победија со 8:1, а стрелци на головите беа, Петковски, Сталески, Исламовиќ, Рамаданови, на два пати Махмуди, Џафери и Сејдини.