ЛК: Манев и Адана го „смачкаа“ Осијек, победи и за Трпчевски и Атанасковски

409

Неколку македонски фудбалери вечерва беа дел од своите тимови кои настапија во Лигата на конференциите. Јован Манев беше во првиот тим во победата на Адана Демирспор со 5:1 над Осијек. Нашиот репрезентативец одигра цел меч, а Демирспор е блиску до пласман во плеј-офот.
Филип Трпчевски и Хакен триумфално минаа на гостувањето кај Жалгирис. Нашиот интернационалец влезе во игра во 77 минута.
И Давид Атанасковски одигра цел меч за Партизани во победата на гостувањето кај Валмиера со 2:1. Македонскиот бек го одигра целиот меч и доби жолт картон.

А офанзивецот Доријан Бабунски играше до 70. минута за Дебрецин на гостувањето кај Рапид Виена. Мечот заврши без голови.

ПретходноОдбојкарите победија на првата контрола против Израел во Кавадарци
СледноКејн го „попари“ Баерн, сака да остане во Тотенхем