Полувреме: Ибраими си го “делка“ Есперанж, Струга ТЛ води со 2:0! (ВИДЕО)

336

Какво прво полувреме за Струга ТЛ против Есперанж во првиот меч од 3.квалификациско коло? Фанстично!

Струга ТЛ има водство од 2:0, со двата гола на Бесарт Ибраими. Прво во 22.минута кога Бесарт го искористи киксот на голманот Чекановиќ, и без проблем ја затресе празната мрежа на гостите.

Во 31.минута Ибраими од слободен удар за малку ќе зголемеше на 2:0, но сега Чекановиќ со супер парада ја скрати радоста на стружани.

Но затоа има 2:0 за Струга ТЛ во 39.минута и тоа од пенал. Прво Ибраими беше фаулиран, доби пенал, а потоа беше сигурен реализатор. Есперанж имаше две шанси преку Екофо и Синани, но Ќосевски одлично одбрани.

Браво, браво за нашиот европски претставник.

Само така да продолжи и во второто полувреме.

 

ПретходноГотово е: Партизан се засили со НБА играч!
СледноСудии за ВМФЛ: Трпчевски “главен“ во Струмица, Бартон во Гевгелија