Наполи има нов фудбалер. Италијанскиот првак се засили со шведскиот репрезентативец Јенс Кајуст кој доаѓа од француски Ремс за 12 милиони евра. Договорот на дефанзивниот играч за врска е долгорочен, соопштија од клубот од Неапол.
Кајуст играше година и половина во францускиот клуб, а претходно играше за Ергрит и Митјиланд.