Џејмс е новиот капитен на Челзи (ВИДЕО)

113

Рис Џејмс ќе ја преземе капитенската лента во реновираниот тим на Челзи. Дефанзивецот ќе го замени сега веќе екс играчот на „Сините“ Цезар Азпиликуета, кој замина во Атлетико Мадрид.

Џејмс има 23. години и е дел од првиот тим од сезоната 2019/20. Досега одигра 147 мечеви за првиот тим, а има забележано единаесет гола и дваесет асистенции.

„Многу сум среќен што ја преземам оваа улога и одговорност. Знам дека очекувањата од мене се големи бидејќи во минатото имавме капитени со сериозно педигре, но јас сум возбуден. Цел живот сум повеќе или помалку во Челзи. Дојдов овде кога имав шест години, а пробивањето од академијата на клубот до првиот тим е тешко. Но, да можам да станам капитен е одлично чувство за мене и моето семејство“ – изјави Џејмс. 

 

ПретходноМакедонија У15 со победа над женската репрезентација во Дојран
СледноДембеле денеска е на медицински прегледи во Париз