Бразилски напаѓач е деветтото засилување за Галатасарај

403

Галатасарај го претстави деветтото засилување во новата сезона, а нов играч на клубот од Истанбул е бразилскиот крилен напаѓач Тете. Се работи за фудбалер кој доаѓа од Шахтјор како слободен играч, а минатата сезона играше како позајмен во Лион и Лестер. Договорот на Бразилецот е до 2027 година.
Претходно Галата ги ангажираше Мауро Икарди (откуп на договорот), Керим Демирбај, Кан Ајхан, Анхелино, Седрик Бакамбу, Халил Дервишоглу, Гунај Гувенч и Вилфред Заха.

ПретходноВардар ги регистрира странците и комплетен оди на Шкупи
СледноСП У-19: Македонија во битка со Чешка за 9.место на Мундијалот!