Бугарите ја добија организацијата: Струмица во Бургас ќе игра во 1. коло од ЛШ

146

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица годинешниот настап во Лигата на шампионите на ЦЕВ ќе го има во бугарскиот град Бургас, кој ја доби организацијата на турнирот од 1. квалификациско коло за пласман во групната фаза од најсилнот клупско натпреварување.

Бугарскиот шампион Нефтохимик се пофали дека ја добил организацијата на турнирот од групата „1“ од првата рунда на квалификациите во ЛШ. Струмица на ждрепката одржана во јули во Луксембург за противници ги доби екипите на бугарскиот првак Нефтохимик, унгарскот Фино Капошвар и црногорска Будва, со кои во Бургас ќе бие битка за едно од првите две места на турнирот кои обезбедуваат пласман во втората квалификациска рунда.

Според распоредот, турнирот во Бургас ќе се одржи од 27 до 29 октомври.

Во првиот меч на 27 октомври, Струмица ќе се сретне со големиот фаворит во групата, домаќинот Нефтохимик. Ден подоцна нашиот првак ќе игра со Будва, додека турнирот ќе го завршиме на 29 октомври против Фино Капошвар од Унгарија. Можеби овие два последни меча ќе бидат и одлучувачки за пласманот на избраниците на тренерот Кире Ричлиев во оваа прва рунда од квалификациите за Лигата на шампионите на ЦЕВ.

ПретходноЛиверпул со ангажманот на Каиседо ќе го урива британскиот рекорд
СледноФИБА нѐ става на петтото место пред стартот на претквалификациите