Тотенхем и Баерн се договориле за трансфер на англискиот напаѓач Хари Кејн на „Алијанц арената“ за сума од 100 милиони евра, меѓутоа британските медиуми доцна синоќа пренесоа дека фудбалерот се премислил за трансфер во Баерн.
Германците информираа дека можеби постои друг клуб кој сака да ја расипе зделката за утринава, сепак, фудбалерот да даде согласност за трансфер во редовите на германскиот шампион.
Сумата е 100 милиони евра плус уште 20 милиони во форма на бонуси по исполнување на неколку клаузули во договорот. Кејн денеска ќе слета во Минхен каде во текот на денот ќе ги изврши лекарските прегледи и ќе стави потпис на четиригодишен договор.
Со тоа Кејн ќе стане најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен.