Леонит Ибраимов од Сент Гален наша иднина во средниот ред

620

Уште еден фудбалски бисер кој од дијаспората се појавува како опција за нашите младински национални селекции е во моментов играчот на У17 генерацијата на Швајцарскиот прволигаш Сент Гален, Леонит Ибраимов.

Спортспорт го најавува играчот за врска кој  2008 годиште и уште од сега е дел од постарите селекции. Има настап за репрезентацијата на Швајцарија, што секако е опомена за нас, веднаш да реагираме и Ибраимов да биде повикан на некој од следните селективни кампови на нашите младински репрезентации.

Сент Гален е клуб од каде што веќе сме добиле наши репрезентативци, а последен пример е Луан Абази, кој по престојот таму замина во Вил, а сега пристигна и на позајмица во нашиот Шкупи.

 

ПретходноЛига 1: Првпат по 2002 со 18 екипи, ривалите се надеваат дека ќе го симнат ПСЖ
СледноПотврдено: Јанис Адетокунбо го пропушта Мундобаскетот