Натпреварите на сениорите на турнирот во Талин, со директен пренос на ТВ “Канал 5“

872

Натпреварите на македонската сениорска репрезентација на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин (12-15 август) ќе бидат достапни за гледање на целата спортска јавност во нашата земја, откако од ТВ “Канал 5“ објавија дека ги откупиле правата за преноси од главниот град на Естонија.

На отворањето на турнирот во Талин, нашите најдобри кошаркари ќе се сретнат со репрезентацијата на Израел. Натпреварот е закажанза утре за 18. часот во Арената „Тондираба“ во овој естонски град.

На 13. aвгуст, од во истито термин, Македонија ќе ги омери силите со селекцијата на домаинот на овој собир – Естонија.

По ден пауза, на 15. август (вторник), од 16.часот, „црвено-жолтите“ ќе играат и против репрезентацијата на Чешка.

Во зависност од исходот на натпреварите во овие три кола од турнирот во Талин, на кој Македонија брка едно од првите две позиции кои носат место во полуфиналната фаза, каде што ќе вкрстиме со најдобрите од групата во Гљивице во која се Полска, БиХ, Унгарија и Португалија, ќе биде одреден и понатамошниот распоред на преноси од претквалификациите за Олимпијадата во Париз. 

Инаку, пласман во квалификациите за ЛОИ 2024 ќе обезбеди само најдобрата од овие осум репрезентации, кои се дел од европската зона.

ПретходноЏенгис Реџепи и официјално на клупата на Фероникели!
СледноБарса го чека неговиот потпис, а еве што прави Нејмар! (ВИДЕО)