Тимот на Беса пред самиот старт на ВМФЛ шампионатот викендов се засили со Албан Таипи. Некогашниот талент на Ренова сега доаѓа во Беса како засилување за претстојниот ВМФЛ шампионат каде има една и единствена амбиција, а тоа е пласманот во ранг погоре.
Таипи имаше епизода во Унгарија каде што настапуваше за екипите на Халадаш односно Шцентролинц.
Има во своето портфолио и петнаесетина настапи за нашите младински селекции.