Фудбалерите на Зрински со синоќешната убедлива победа над Бредаблик (6:2) практично по првиот натпревар го решија патникот во наредната фаза на Лигата на Европа.
Во плеј-офот за Лига Европа, мостарскиот тим ќе игра со австриски ЛАСК и ако го совлада ќе се најде во групите на ЛЕ.
Ако биде поразен тогаш ќе се најде во групите на Лигата на конференциите.
На Зрински идниот четврток ќе треба да ја заврши работата на Исланд и да го завери пласманот понатаму и со тоа да го осигура местото во групната фаза на ЛК.
Бредаблик најверојатно ќе се најде во плеј-офот во Лигата на конференции и ќе игра со подобриот од мечот Струга – Есперанж за место во групите.