Ливерпул со ангажманот на Каиседо ќе го урива британскиот рекорд

135

Ливерпул е на чекор да го собори не само својот туку и британскиот рекорд во трансфери. „Црвените“ притиснале за фудбалерот на Брајтон, Моисес Каиседо и ако се оди по планот тогаш уште во текот на денешниот ден би требало да го завршат трансферот.
Брајтон оддолеваше на интересот на големите клубови за овој фудбалер од Еквадор кој игра на позицијата дефанзивен играч за врска. Тој одигра одлична сезона во англискиот тим што беше препорака да оди чекор понапред. Изборот беше меѓу Челзи, Баерн и Ливерпул, а Брајтон ја прифатил највисоката понуда – онаа на „Црвените“.
Според „Скај спортс“ Ливерпул и Брајтон доцна синоќа се договориле за сума од 110 милиони фунти!
Со тоа Брајтон ќе заработи маестрална сума за овој фудбалер кој го купи од Индепендиенте дела Вале за само 4,5 милиони фунти.

ПретходноШпанија за прв пат избори полуфинале на женското СП!
СледноБугарите ја добија организацијата: Струмица во Бургас ќе игра во 1. коло од ЛШ