Иако се најде на списокот на патници за претстојниот Мундобаскет, сепак, еден од најдобрите кошаркари на планетава, Јанис Адетокунбо нема да биде дел од репрезентацијата на Грција.
Ова е сега веќе официјална информација потврдена од Грчката федерација, која по консултацијата со лекарските експерти од САД кои работеа со Јанис деновиве мораше да се помири со овој факт.
За потсетување, Мундобаскетот стартива на 25 август и ќе трае до 10 септември, а се игра во три земји, Филипини, Индонезија и Јапонија.