Браво момци. Нашата ракометна селекција до 19. години го освои 9.место на СП во Хрватска. Вечерва во салата во Копривница, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ успеаја во директната битка за 9. место да ја победат силната селекција на Чешка со 28:22(13:11).
Уште една одлична и борбена игра на нашите кадети, а не беше така едноставно.
Во првиот дел никако го имавме водство, но никак не успевавме да се “одлепиме“ на некоја поголема разлика од два – три гола. Со тие 13:11 се замина на пауза, се разбира за нас.
Во втоторо полувреме Чешка притисна, во 40.минута резултатот гласеше 17:17, но тогаш Македонија како да префрли во повисока брзина, набрзина направи серија и во финишот имавме комотво водство од 4-5 голови.
На крај резултатот гласеше 28:22 за Македонија.