Вечерва во 20 часот во салата во Копривница, нашата ракометна репрезентација до 19.години ќе го одигра својот последен меч на СП кое се одржува во Хрватска. Нашите момци ќе бијат битка за 9.место на Мундијалот и тоа против селекцијата на Чешка. Значи во случај на триумф, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ и официјално ќе бидат деветти во светот, што само по себе секако дека е голем успех.
Целта е исполнета на овој Мундијал, Македонија се најде меѓу ТОП 10 селекции, вечерва само треба да се стави печат на квалитетни игри на ова СП кои досега беа прикажани.
Ривал е Чешка, секако квалитетна селекција, но селекција која може да се победи, се разбира само ако момците одиграат као што и досега играа. Борбено, максимално ангажирано, квалитетно.
А не се сомневаме дека ќе биде така.