Вечерва и официјално стартува новата 2023/24 сезона во Ла Лига, една од најспектакуларните и најсилните лиги во светот. И тоа со мечот Алмерија – Рајо Валјекано, кој е закажан за 19.30 часот, а во 22 часот и дербито Севилја – Валенсија.
Минуваат години и децении, но во Шпанија ништо не се менува во поглед на тоа кој ќе биде кандидат или кандидати за титулата. И во новата сезона ќе ја гледаме вечната битка меѓу Реал Мадрид и Барселона. Но сега “кралевите“ нема да биат во предност, барем на хартија, како што беа минатите во неколку сезони. Засега не успеаја да го донесат Килијан Мбапе, голманот Тибо Куртоа е повреден и нема да заигра барем 7-8 месеци. Џад Белингам е фантастичен играч, но Модриќ и Крос се веќе во години, а Реал Мадрид по заминувањето на Бензема нека квалитетен класичен шпиц.
И Барса не е без преблеми, и тоа какви, Илкај Гундоган е ангажиран да му донесе уште поголем квалитет на средниот ред, но Барса си има финансиски проблеми.
Дали ќе се врати Нејмар?
Тоа се уште не се знае, ама со него, оној вистинскиот Нејмар, секако Барса ќе биде, повторно барем на хартија, пред Реал Мадрид.
Ако може некој да им ги замрси сметките на двата гиганти, на двата веројатно најголеми светски клубови, тогаш тоа е Атлетико Мадрид. Диего Симеоне си има своја “шема“, свој систем на работа, кој обично функционира. “Костурот“ е тој, само треба да биде уште подобар.
Столе Димитриевски во минатите две сезони беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Рајо Валјекано во него има голман од врвна класа, така нека биде и сезонава.
РАСПОРЕД НА 1.КОЛО
ПЕТОК
19.30: Алмериа – Рајо Валјекано
22.00: Севилја – Валенсија
САБОТА
17.00: Реал Сосиедад – Џирона
19.30: Лас Палмас – Мајорка
21.30: Атлетик Билбао – Реал Мадрид
НЕДЕЛА
17.00: Селта Виго – Осасуна
19.30: Вилјареал – Бетис
21.30: Гетафе – Барселона
ПОНЕДЕЛНИК
19.30: Кадиз – Алавес
21.30: Атлетико Мадри – Гранада