Почнува и Премиер лигата, на стартот дерби меѓу Челзи и Ливерпул

210

Со вечерашниот натпревар помеѓу Барнли и Манчестер Сити на „Турф Мор“ (21 часот) се крева завесата на новата сезона во англиската Премиер лига. Бранител на трофејот е Манчестер Сити кој вториот дел од сезоната ја одигра маестрално и го претрка Арсенал во борбата за титулата, а притоа ги освои и ФА Купот и Лигата на шампионите.
Затоа „граѓаните“ и оваа сезона се главни фаворити за трофејот, меѓутоа Арсенал во новата сезона ќе тргне драстично засилен во обид да ја врати титулата после 2004 година.

Минатата недела Арсенал го совлада Манчестер Сити во дуелот „Комјунити шилд“ кој е Суперкуп на Англија покажувајќи дека има сила за остварување на зацртаните цели.

Ќе видиме како ќе делуваат Ливерпул, кој имаше разочарувачка сезона, како и Манчестер Јунајтед кој и покрај тоа што остана без Хари Мегваер ќе се обиде да им ги загрози позициите на Сити и на Арсенал.

Њукасл имаше супер сезона, избори пласман во ЛШ, а оваа сезона ќе сака повеќе. И покрај финансиската моќ беа скромни на трансферниот пазар и донесоа само тоа што им беше потребно.
Челзи пак трошеше огромни пари за нови играчи, пак направи сериозна реконструкција со тоа што продаде и дел од играчите меѓу кои Хаверц, Маунт, Ковачиќ, Кулибали…

Интересно е да го видиме како Тотенхем ќе се однесува доколку се реализира трансферот на Хари Кејн во Баерн. „Спарс“ ќе бидат далеку ослабени во нападот.

На другата страна Лутон ќе биде 51. различен клуб кој ќе игра во Премиер лигата, а последен пат овој клуб играше во најсилната англиска лига во сезоната 1991/92 кога првенството се уште не го носеше денешното име. Повратници се уште Барнли и Шефилд Јунајтед.

РАСПОРЕД ЗА 1.КОЛО
ДЕНЕСКА
БАРНЛИ – МАН.СИТИ 21:00 ч.
САБОТА (12.08.2023)
АРСЕНАЛ – НОТИНГЕМ 13:30 ч.
БОРНМУТ – ВЕСТ ХЕМ 16:00 ч.
БРАЈТОН – ЛУТОН 16:00 ч.
ЕВЕРТОН – ФУЛАМ 16:00 ч.
ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД – КРИСТАЛ ПАЛАС 16:00 ч.
ЊУКАСЛ – АСТОН ВИЛА 18:30 ч.
НЕДЕЛА (13.08.2023)
БРЕНТФОРД – ТОТЕНХЕМ 15:00 ч.
ЧЕЛЗИ – ЛИВЕРПУЛ 17:30 ч.
ПОНЕДЕЛНИК (14.08.2023)
МАН.ЈУНАЈТЕД – ВУЛВЕРХЕМПТОН 21:00 ч.

 

ПретходноФиорентина купи двајца напаѓачи
СледноПОВЕЌЕ ОД 75 МИЛИОНИ ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2023 ЗА ДОБИВКИ НА ИГРАЧИТЕ НА 2WIN.MK