ФК Вардар, ФФМ и МВР одржаа состанок пред неделното дерби со Шкупи

799

Во рамките од второто коло од новиот ПМФЛ шампионат в недела на стадионот Борис Трајковски во Скопје, Вардар ќе го пречека тимот на Шкупи.

Секако, дека ова е меч кој ќе биде прогласен од висок ризик поради двете бројни навивачки групи кои ги поддржуваат двата клуба од главниот град.

Токму поради тоа, ФК Вардар, ФФМ и МВР денеска одржаа состанок на кој се договорени деталите околу организацијата на самиот меч, за истиот да мине во најдобар ред, и да нема никакви инциденти.

ПретходноВ. Стојановски за претквалификациите: Вистински тест за сите нас и искуство за помладите
СледноВардар ги регистрира странците и комплетен оди на Шкупи