“Бомбардерот“ Бесарт Ибраими за „Спортспорт“: Сонувам со Струга ТЛ да играм во групната фаза во ЛК!

291

Бесарт Ибраими…и се е кажано. Рекордерот со најмногу голови во историјата на ПМФЛ (186), уште еднаш потврди дека е класа за себе. Вчера во првиот дуел од двомечот со Есперанж во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, на тимот од Луксембург му “стегна“ три гола, нов хет-трик во фудбалска Европа, и ја однесе Струга ТЛ на чекор до пласман во плеј – офот.

Ибраими ова лето во Европа просто блеска. На петте досегашни мечеви успеа да постигне 6 гола и да дојде до бројката од 25, што секако дека е рекорд на некој наш фудбалер.

Има три со Ренова, 16 со Шкендија и сега 6 со Струга ТЛ.

И покрај сите овие достигнување Бесарт е скромен. Јасно е дека е среќен по овие поединечни достигнувања, но тој секогаш во преден план го става тимот, клубот, соиграчите…

Секако дека сум среќен, да се дадат три гола на еден меч во Европа не е мала работа. Но уште посреќен сум што мојот тим вчера победи со 3:1 и што обезбеди два гола предност пред реваншот во Луксембург. Ако не беа моите соиграчи и јас немаше да постигнам толку голови за Струга ТЛ ова лето. Само вака да продолжиме. Реално Есперанж е одличен тим, ќе мора во реваншот во Луксембург да играме како да немаме предност од првиот меч, како да ги немаме тие 3:1 од Скопје. Не смееме да се повлечиме и да ја чуваме предноста. Знаеме дека и на гости мораме да ја играме нашата игра на гол повеќе. Само така можеме да одиме натаму и да се пласираме во плеј – офот“ вели “машината“ за голови за “Спортспорт“ Бесарт Ибраими.May be an image of 1 person, playing football, playing American football and text

Сега откако се знае дека стружани се блиску до плеј – офот, а се знае дека и ривал таму најверојатно ќе биде Бреидаблик од Исланд, тогаш јасно е дека пред Струга ТЛ се отвара голема шанса да се најде во групната фаза во ЛК.May be an image of 3 people, people playing football, people playing soccer and text

Еве што вели Ибраими на тоа…

Во фудбалот кога работиш напорно, кога знаеш што сакаш, како што тоа е кај нас во Струга ТЛ, тогаш се е можно. Искрено јас сонувам со Струга ТЛ да играм групна фаза, тоа не успеав со Ренова, не успеав ни со Шкендија. Се надевам дека сонот ќе ми се исполни сега со Струга ТЛ. Сепак не смееме да одиме толку далеку, туку чекор по чекор. Сега мислите ни се како да одиграме во реваншот во Луксембург, а потоа ќе мислиме на плеј – офот и евентуално за групната фаза“

заврши во свој стил Бесарт Ибраими.

ПретходноБарса го чека неговиот потпис, а еве што прави Нејмар! (ВИДЕО)
СледноКонечно: Хари Кејн слета во Минхен, веднаш се упати на лекарски прегледи! (ВИДЕО)